Заштедете инвестиции преку мигрирање на ИТ опремата во нашиот современ дата центар граден според последните стандарди. Нашиот дата центар и тимот од искусни професионалци е спремен да опслужи ИТ системи со критично ниво на важност, обезбедувајќи високо ниво на редундантност, безбедност и достапност.
Висока достапност и сигурност поради користење редундантни системи, кои значат два пати поголема инвестиција доколку сами правите систем сала. | |
Нема потреба да ангажирате скапи професионалци кои би управувале и мониторирале со системите 24/7. | |
Евтино надградување на капацитети без да инвестирате во нова инфраструктура како скапи УПС и агрегатски системи. |
Спецификација | Опис |
---|---|
Електричен систем | Дупли-одвоени електрични приклучоци (А+Б) до секој ормар, кои се заштитени со одвоени (A+B) УПС системи. Заштитено напојување со агрегатски системи. Трансформаторот на струја во објектот е приклучен на главната електрична станица со две георгафски одвоени линии. |
Систем за ладење | Редундантни индустриски клима системи за ладење. |
Заштита од влијанија | Анти-статички под кој ги следи стандардите на Motorola R56. Целосно оклопени и заземјени метални кабелски канали. Засебни канали за струјни и комуникациски кабли. |
Заштита од пожар | Повеќе-зонски систем за детекција на пожар. Систем за автоматско гасење на целата просторија оддеднаш со користење на чисти супстанци. Вратата и електричните кабли се сертифицирани за 90 минутна издржливост на оган. |
Заштита од протекување | Автоматизиран систем за детекција и мониторинг на протекување течности во дата центарот. |
Регулација на влажност | Автоматизирани одвлажнувачки системи за регулирање на влажноста на воздухот на зададени нивоа. |
Физичка заштита | 24 часовно обезбедување на зградата од сертифицирана агенција. Постојан видео надзор низ просториите во објектот. |
SLA | Достапност на месечно ниво: 99.99%. |
Поврзаност | Поврзан со географски одвоени фибер оптички патеки. Слободен пристап и интерконекција на било кој оператор. |
Конекции до јадрото на Интернет мрежата | Конекции со повеќе врвни глобални и регионални мрежи што осигурува неколку степена редундантност, висок процент на достапност и најниско доцнење на пакетите. |
Техничка подршка | Искусни професионалци кои управуваат, мониторираат и даваат подршка за системите во дата центарот. |
Далечинско управување | Достапни се услуги за далечни раце (remote hands) и далечнa конзола (remote console). |
Супербрз проток до секој корисник. Сите конекции обезбедени преку беспрекорни точка-до-точка оптички линии.
Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.