Веб хостинг
Заеднички веб хостинг зајакнат со сервери од професионална класа и DDOS заштита


НИВО 1 - МИКРО

1 GB ПРОСТОР
100 GB ТРАНСФЕР
1 ДОМЕН
ДДОС ЗАШТИТА
ССЛ СЕРТИФИКАТ

€ 4
месечен надомест
фактурирање за 1 год (50% )

€ 6
месечен надомест
фактурирање месец за месец

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

НИВО 5 - ЛИЧЕН

5 GB ПРОСТОР
500 GB ТРАНСФЕР
5 ДОМЕНИ
ДДОС ЗАШТИТА
ССЛ СЕРТИФИКАТ

€ 8
месечен надомест
фактурирање за 1 год (50% )

€ 12
месечен надомест
фактурирање месец за месец

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

НИВО 10 - БИЗНИС

25 GB ПРОСТОР
1000 GB ТРАНСФЕР
10 ДОМЕНИ
ДДОС ЗАШТИТА 
ССЛ СЕРТИФИКАТ

€ 10
месечен надомест
фактурирање за 1 год (50% )

€ 15
месечен надомест
фактурирање месец за месец

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

НИВО 20 - КОРПОРАЦИЈА

50 GB ПРОСТОР
НЕОГРАНИЧЕН ТРАНСФЕР
20 ДОМЕНИ
ДДОС ЗАШТИТА 
ССЛ СЕРТИФИКАТ 

€ 18
месечен надомест
фактурирање за 1 год (50% )

€ 27
месечен надомест
фактурирање месец за месец

Професионални сервери

Веб хостинг базиран на професионални машини со повеќе јадрени XEON процесори, RAID 1 заштита на простор и ECC RAM.

НАРАЧКА  

Note: Во цените не е вклучен ДДВ 18% кој ќе биде додаден при фактурирање.


Сите карактеристики

Спецификација НИВО 1 НИВО 5 НИВО 10 НИВО 20
Избор на серверска локација Германија
Македонија
Канада
Германија
Македонија
Канада
Германија
Македонија
Канада
Германија
Македонија
Канада
Дисковен простор 1 GB 5 GB 25 GB 50 GB
Месечен трансфер 100 GB 500 GB 1000 GB Неограничен
Домени   1 5 10 20
cPanel™ администрација
Емаил сметки POP3/IMAP/SMTP/Webmail
(вклучена ССЛ енкрипција)
100 200 300 Неограничено
SpamAssassin SPAM заштита, firewall за brute-force и SMTP dictionary напади
Бази (MySQL/PostgreSQL) 1 10 20 Неограничено
FTP/FTPS сметки Неограничено Неограничено Неограничено Неограничено
Web Disk
Алатки за девелопери PHP 5.5/5.6/7 PHP 5.5/5.6/7, Perl PHP 5.5/5.6/7, Perl, Python, custom CGI scripts PHP 5.5/5.6/7, Perl, Python, custom CGI scripts
ДДОС заштита
ССЛ сертификат со автоматизација



СПЕЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • ДДОС заштита

    ДДоС (distributed denial-of-service) напад праќа милиони лажни веб упити (кои се валидни и легални) од илјадници различни локации во обид да се исцеди протокот (bandwidth) и да се преоптоварат системските ресурси. Во таков случај, валидните посетители и корисници нема да можат да пристапат на страната или други сервиси (пр. email/FTP). Стандардните мрежни firewall-и (хардверски или софтверски) можат да блокираат само ДОС напад, но во никој случај не можат да заштитат од сериозен ДДОС напад кој може да се надмине само со скапи системи специјално наменети за ваков комплексен феномен.

    Во нашите веб хостинг пакети кои ја поседуваат оваа опција, вашата страна ќе биде хостирана во инфраструктура заштитена од Arbor - врвен лидер во дејноста на ДДОС заштита. Системот има автоматизирана технологија која препознава вообичаени шеми на напади (SYN/DNS поплави, UDP поплави на порт 80, DNS/NTP рефлексија, не валидни пакети, итн) и ги пренасочува во „цевки“ за прочистување кои го филтрираат добриот од лошиот сообраќај, овозможувајќи веб серверот да работи нормално. Доколку, вашиот веб хостинг пакет не поддржува ДДОС заштита, тогаш во случај на ваков напад вашата хостинг сметка ќе биде привремено деактивирана додека трае нападот, со цел да се заштитат другите корисници хостирани на истиот сервер.

    ДДОС заштита е можна само за хостинг пакетите базирани на сервери во Германија.

  • Вклучен валиден ССЛ сертификат

    Во нашите веб хостинг пакети кои ја поседуваат оваа опција, автоматски ќе биде набавен и инсталиран 256-битен domain-validated ССЛ сертификат од Comodo за вашиот домен, без дополнителни надоместоци. Кога сертификатот ќе истече, нов сертификат автоматски ќе биде набавен и инсталиран, повторно без дополнителни надоместоци.

    ССЛ сертификатот го опфаќа примарниот домен, вклучувајќи го и неговиот www префикс, но не опфаќа под-домени, wildcard домени и addon домени. Преку оваа опција, нема да има потреба да се грижите за купување на сертификат и мозгање како правилно да се инсталира/обнови истиот со цел да ги заштите вашите приватни веб страни со ССЛ енкриптирана комуникација.

    Забелешка: овој ССЛ сертификат базира на најновата SNI технологија и поради тоа нема да биде препознаен соодветно од многу стари системи. Поконкретно, посетителите кои сеуште користат Windows XP™ можно е да искусат безбедности напомени во врска со сертификатот кога ќе пристапуваат на ССЛ заштитетните страни.

  • Индустриска класа на технологија

    Не работиме со економичен/евтин хардвер. Нашиот хостинг се базира исклучиво на индустриска класа на опрема (Xeon процесори, enterprise ниво на дискови и ECC RAM) бидејќи претежно опслужуваме системи за операции од критична важност за бизнисот.

    Enterprise/NAS тип на дискови се зајакнати со TLER, заштита од вибрации и други технологии кои обезбедуваат сигурна 24x7 функционалност и високи перформанси, стабилност и долготрајност.

    Error Correcting Code (ECC) е профисонален тип на RAM со многу подобра стабилност и доверливост во однос на регуларниот RAM. Овој тип на RAM е задолжителен за апликации од критична важност на бизнисот, како mail сервер, чување важни податоци, ERP софтвер, комерцијална веб страна, итн.

    Оперативниот систем и пропратните сервиси кои овозможуваат веб хостингот да биде оперативен се под постојан проактивен мониторинг и одржување, што резултира во извонредна стабилност на системите.

УСЛОВИ

  • Белешка за СПАМ-ери

    Пакетите за заеднички хостинг не функционираат позади дедицирана ИП адреса, туку го сподолуваат серверот и ИП адресата со одреден број на дргуги наши корисници. Поради тоа, ние мора да посветиме голема грижа за да го одржиме серверот во добра репутација и надвор од црни листи, со цел системите и посебно mail серверот да функционираат безпрекорно.

    Имаме многу стрикна анти-СПАМ политика која всушност најмногу предности ви носи вам. Накратко, доколку забележиме дека некој наш корисник намерно го користи хостингот за да праќа СПАМ, напаѓа или на друг начин наштетува на надворешни ИТ системи, ние ќе го деактивираме хостингот на тој корсник со цел да ги заштитиме останатите корисници хостирани на истиот сервер. Доколку ваквото однесување е не намерно, на пример кога корисникот без намера е зафатен од штетни скрипти, ќе му дадеме на корисникот разумен рок да ги корегира проблемите.

    Поради технички и правни аспекти, врвните бизниси и организации преферираат да ја хостираат страната и други апликации на независни системи со голем капацитет (ВПС или дедициран сервер) поврзани преку дедицирана ИП адреса. Доколку вашиот бизнис налага високо ниво на хостинг во поглед на системска изолираност од други корисници, капацитет и перформанси, и притоа сакате да ги избегнете високите трошоците поврзани со интерни скапи инженери со специјални ИТ вештини, котактирајте не во врска со нашата атрактивна услуга за менаџиран хостинг.

  • Фактурирање

    Фактурите се издаваат и се праќаат до корисникот на 15тиот ден од тековниот месец со рок на плаќање од 30 дена.

    Едиствен метод за плаќање за нови корисници е банкарска трансакција. За постојни корисници постои опција и за електронско плаќање со платежни картици.



ПРЕПОРАКИ

Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.

Jovan Spasik, CTO
Hi-Tech Corp.

Hi-Tech Corp. е лидер во источна Европа за технологии од областа на принтани електрични плочи.


Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.

Jovica Zivkovic, технички директор
New Moment

New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди.


Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.

Владимир Стоименов, управител
ВОРТЕКС ЕД

ВОРТЕКС ЕД е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови.


Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз.

Ненад Кузмановски, директор на ИТ
ЈСП Скопје

ЈСП Скопје е најголемата компанија за јавен превоз во Македонија, основана во 1948 год.


Македонија2025 е презадоволна од долгорочното партнерство кое го остваривме со Interspace. Тимот на Interspace е високо професионален, многу брзо реагира на нашите потреби и е целосно посветен да ни го понуди најдоброто решение во најкраток можен рок. Ние сме глобална невладина организација која одржува секојдневна комуникација со членовите и поддржувачите од целиот свет. Имајќи во предвид дека најголем дел од нашите активности се одвиваат онлине, од исклучителна важност ни е високо квалитетна и стабилна комуникација со сите земји – нешто што Interspace како компанија е целосно споснобна да ни го овозможи. Најдоброто од се е тоа што вредноста што ја добиваме за цената е неспоредлива со ниту една понуда на пазарот.

Билјана Марковиќ, извршен директор
Македонија2025

Македонија2025 е водечка глобална организација за промоција на економскиот развој на Македонија.