За нас
Долгорочна доверба и стабилност

 

Interspace има повеќе декадно искуство во дејноста на комуникациски и информатички технологии. Нашиот примарен фокус е да обезбедиме врвно ниво на ИКТ услуги за деловни корисници и провајдери, насекаде во светот. Цврсто сме определени да ги редефинираме комуникациските технологии во платформа која постојано се развива следејќи ги трендовите на поврзаниот свет.

Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга. Водечки бизниси ја поставија својата долгорочна доверба во нашите робусни и модерни технологии.

Мрежа

Поседуваме и оперираме со голема оптичка мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет. На интернационално ниво, оперираме со платформа од глобално дистрибуирани сервери и мрежна опрема наменети за потребите на нашите интернационални клиенти за услуги за податочни врски, хостинг и стриминг. Преку партнество со глобални телеком провајдери, можеме да обезбедиме Интернет и податочно поврзување до 10Gbps до скоро секоја локација во светот.

Проверите ја оваа веб страна во која подетално се елаборирани напредните карактеристики на нашата првокласна мрежа.

Референци и успешни приказни

Имаме изобилство од успешни приказни и референци за долгорочни соработки со водечки македонски и глобални компании. Компании од различни индустрии и различна големина известуваат за зголемена ефикасност во работењето и помал ризик за деловниот континуитет, преку користење на нашата комуникациска платформа. Проверете ја страната за референци за повеќе детали.

Корисниците во преден план

Нашата врховна посветеност е да го одржуваме задоволството на клиентите на највисоко ниво. Тимовите за развој на производи и услуги се во тесна комуникација со водечки технолошки вендори, со цел да се дизајнираат најдобри производи и услуги. Од нашите клиенти бараме директни и постојани повратни информации со цел да ги унапредуваме решенијата со секоја следна инсталација - овие позитивни искуства потоа ги пренесуваме кон останатите корисници.

Мисија и визија

Нашата мисија е да дизајнираме најдобри информатички и комуникациски решенија, и да ги обезбедиме истите по најприфатливи услови.

Нашата визија е да постанеме глобален провајдер за информатички и комуникациски технологии наменети за деловни корисници, засновајќи го успехот на диманична соработка со клиентите за остварување взаемен деловен успех.

Иновацијата често доаѓа непредвидено

Пасијата за иновација е во ДНК-та на Interpsace. Во многу инстанци добивме иновативни идеи од најнеочекувани места. Ве охрабруваме да не исконтактирате доколку имате идеја како да соработуваме за да ги промениме постоечките технологии и комуникациската дејност. Нашиот тим за стратешко планирање е секогаш спремен да ги анализира таквите идеи и да бара потенцијали за креирање на нов пазар.


ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

  • Спонзор на Македонија2025 економски самит

    Interspace е горд поддржувач на Македонија2025 економскиот самит кој е најголем бизнис собир во земјата фокусиран на бизнис, иновации, напредна технологија и лидерство. Овој настан целосно се поклопува со визијата на Интерспаце да понуди фибер оптичка конекција по најдобри услови на македонските иновативни компании кои се спремни за настап на светските пазари.

  • Free WiFi for nature lovers

    All visitors to Sredno Vodno (a refreshing sight in the capital city on the hills of Vodno Mountain) can enjoy our free-wifi hotspots that enable hikers and mountain lovers to stay in touch with their friends. We have placed a fiber optic connection links at the hills of the mountain as part of a project to provide high speed internet connection to JSP - the public transport company.

  • Бесплатен Интернет и WiFi систем за мини баскет школата КК Јуниор

    Обезбедуваме бесплатен симетричен Интернет и WiFi систем за КК Јуниор - првата и најголемата школа за мини баскет во Македонија. Интернет услугите се користат од административните служби на школата и од посетителите на кошаркарските настани.




ПРЕПОРАКИ

Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.

Jovan Spasik, CTO
Hi-Tech Corp.

Hi-Tech Corp. е лидер во источна Европа за технологии од областа на принтани електрични плочи.


Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.

Jovica Zivkovic, технички директор
New Moment

New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди.


Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.

Владимир Стоименов, управител
ВОРТЕКС ЕД

ВОРТЕКС ЕД е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови.


Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз.

Ненад Кузмановски, директор на ИТ
ЈСП Скопје

ЈСП Скопје е најголемата компанија за јавен превоз во Македонија, основана во 1948 год.


Македонија2025 е презадоволна од долгорочното партнерство кое го остваривме со Interspace. Тимот на Interspace е високо професионален, многу брзо реагира на нашите потреби и е целосно посветен да ни го понуди најдоброто решение во најкраток можен рок. Ние сме глобална невладина организација која одржува секојдневна комуникација со членовите и поддржувачите од целиот свет. Имајќи во предвид дека најголем дел од нашите активности се одвиваат онлине, од исклучителна важност ни е високо квалитетна и стабилна комуникација со сите земји – нешто што Interspace како компанија е целосно споснобна да ни го овозможи. Најдоброто од се е тоа што вредноста што ја добиваме за цената е неспоредлива со ниту една понуда на пазарот.

Билјана Марковиќ, извршен директор
Македонија2025

Македонија2025 е водечка глобална организација за промоција на економскиот развој на Македонија.