Интернационална податочна линија
Дедицирана конекција помеѓу локации од различни земји

 

Интернационална податочна линија овозможува две или повеќе локации во различни места во светот да бидат поврзани преку приватна, стабилна и брза конекција. На секоја крајна локација линијата завршува на етернет порта, овозможувајќи Ви на едноставен начин да ги обедините оддалечените локални (LAN) мрежи на Вашите глобално распостранети подружници во единствена Етернет мрежа со загарантиран проток.

Услугата може да се обезбеди преку Етернет протокол (Интернационална Етернет линија) или преку MPLS протокол (Интернационална MPLS линија). Преку својата партнерска мрежа на меѓународни оператори, Interspace може да обезбеди брзи податочни врски со проток од 2Mbps до 10Gbps помеѓу било која поврзана дестинација во светот.

Можни примени

Aпликација низ интернационални претставништва која прави голем проток на податоци.
Дедицирана конекција со интернационални партнери која е одвоена од Интернетот.
Користење на приватна телефонска централа на повеќе локации во светот.
Корпоративна приватна мрежа која се протега низ повеќе земји.

Зошто да не изберете нас?

Оперираме со голема оптичка мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет.
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер.
Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.
Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура.
Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток.

Побарајте понуда

Кликнете овде за бесплатно да добиете повеќе детали за оваа технологија и нејзините предности во однос на значително намалување на трошоците за мрежи на големи дистанци. Нашиот продажен тим е на ваше целосно располагање за дефинирање решенија и сугестии за да направите најдобра одлука.


КЛИЕНТИ @КОМУНИКАЦИИ

Македонски водечки компании, јавни институции, реномирани странски и мултинационални компании ја даваат нивната доверба во нашите способности за обезбедување Интернет услуга од врвна класа.
  • Народна банка на Р. Македонија

    Две Интернет конекции со високи перформанси.

  • Џонсон Мети

    Интернет од висока класа за британска мултинационална компанија.

  • Мин. за надворешни работи

    Три Интернет конекции со високи перформанси и хостинг на 60 бази.

  • Јавно прет. за државни патишта

    Интернет од висока класа и ВЕБ видео стриминг од 30 локации во Македонија.

  • Телеком Словенија

    Обезбедуваме конекции во Македонија на провајдерско ниво за водечкиот провајдер на Балканот.

  • Македонија2025

    Официјален провајдер на Македонија2025 самит - настан со 300 бизнис лидери, дипломати и меѓунадордни експерти.

  •   Цела референтна листа