Интернет пристап
Интернет од највисока класа со супериорен проток и стабилност


Симетрична брзина


Неограничен трансфер


SLA 99.9%


Статичка IP


Точа-до-точка
оптички линк


Бесплатна проба


Симетрична брзина Месечен трансфер SLA Статичка ИП Проактивен мониторинг 24/7 подршка Бесплатен тест Цена
10/10 Mbps Неограничен Да Да Да Да Да
50/50 Mbps Неограничен Да Да Да Да Да
100/100 Mbps Неограничен Да Да Да Да Да
1/1 Gbps Неограничен Да Да Да Да Да
Брзина Бесплатен тест Цена
10/10 Mbps Да
50/50 Mbps Да
100/100 Mbps Да
1/1 Gbps Да



КЛИЕНТИ @КОМУНИКАЦИИ

Македонски водечки компании, јавни институции, реномирани странски и мултинационални компании ја даваат нивната доверба во нашите способности за обезбедување Интернет услуга од врвна класа.
  • Народна банка на Р. Македонија

    Две Интернет конекции со високи перформанси.

  • Џонсон Мети

    Интернет од висока класа за британска мултинационална компанија.

  • Мин. за надворешни работи

    Три Интернет конекции со високи перформанси и хостинг на 60 бази.

  • Јавно прет. за државни патишта

    Интернет од висока класа и ВЕБ видео стриминг од 30 локации во Македонија.

  • Телеком Словенија

    Обезбедуваме конекции во Македонија на провајдерско ниво за водечкиот провајдер на Балканот.

  • Македонија2025

    Официјален провајдер на Македонија2025 самит - настан со 300 бизнис лидери, дипломати и меѓунадордни експерти.

  •   Цела референтна листа

    УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ @БАНКИ

    Банките рапидно се трансформираат во е-комуникациски спремни компании. Нашите решенија овозможуваат забрзување на трансформацијата преку обезбедување доверлив и економичен транспорт на податоци. Решенијата се базираат на нашата метро етернет мрежа со терабитен капацитет и редундантна архитектура која нуди највисок процент на достапност на услугата.
  • Народна банка на Р. Македонија

    Interspace помина строги услови и тестови за валидација од НБРМ. Обезбедуваме две Интернет конекции од висока класа, подржани со врвна SLA гаранција и зајакнат проактивен мониторинг за безпрекорни секојдневни операции на банката.

  • ТТК Банка

    Interspace обезбедува приватна конекција помеѓу различни филијали на банката.

  • Комерцијална Банка АД

    Interspace обезбедува Интернет од висока класа и приватна конекција помеѓу различни филијали на банката.

  •   Сите успешни приказни за банки

    УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ @СОФТВЕР

    Со вистинска комуникациска инфраструктура, компаниите за развој на софтвер можат драстично да го намалат времето потребно за колаборација при изработка на апликација и дистрибуција на истата на пазарот. Конекција со голем проток ги забрзува податочните текови помеѓу инженерските тимови распрснати низ планетата, резултирајќи во потврдена ефикасност од 30% до 40%.



    Нашиот врховен фокус е да обезбедиме Интернет од највисока класа за професионални бизниси кои имаат потреба од брз и стабилен Интернет. Сите пакети нудат супериорна оптичка линија, симетричен download и upload, неограничен месечен сообраќај, SLA договор и статичка ИП за непрекината конекција. Услугата се доставува исклучиво преку точка-до-точка оптика која осигурува супер брз проток во споредба со технологијата за делба на оптички влакна која ја користат други провајдери.

    Interspace има конекции до повеќе глобални и регионални Интернет мрежи обезбедени преку заштитени и географски независни оптички патеки. Нашата мрежна архитектура е дизајнирана да обезбеди најбрзо патување на пакетите, неколку степена редундантност и многу висок процент на достапност. Нашата Интернет услуга е во рангот на повисока класа на Интернет и не е во ранг со класичните евтини пакети за оптички Интернет.

    ПРОМОЦИЈА

    Можеме да обезбедиме бесплатно активирање на услугата за тест период од 1 недела, без никакви трошоци и обврзувања, со цел да ги докажеме нашите предности за врвен квалитет и поволни цени. Кликнете овде за да едноставно ја проверите оваа можност.


    НАШИ ПРЕДНОСТИ

    Оперираме со голема оптичка мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет.
    Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер.
    Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.
    Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура.
    Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток.



    ПРЕПОРАКИ

    Hi-Tech Corp. е глобално признаена компанија која опслужува компании од типот на Continental, Siemens, Bosch. Од витално значење за нашиот бизнис е да користиме комуникациски технологии со највисоко ниво на стабилност и достапност. Hi-Tech Corp. се обрати на Interspace за нивните робусни технологии за конекции од висока класа. Со дедицираниот Интернет обезбеден од Interspace подржан од про-активна техничка подршка, во можност сме подобро да ги искористиме нашите напредни апликации и алатки при комуникација со нашите интернационални партнери.

    Jovan Spasik, CTO
    Hi-Tech Corp.

    Hi-Tech Corp. е лидер во источна Европа за технологии од областа на принтани електрични плочи.


    Можеме да потврдиме дека Interspace е високо мотивиран и одговорен телекомуникациски провајдер. Имплементацијата на Интернет услугата беше бескпрекорна под водство на нивниот дедициран менаџер за корисник, кој ни даде многу корисни упатства за избор на најдобри опции согласно нашите потреби. Нивниот посветен и талениран кадар работи про-активно на обезбедување на квалитетот на услугата. Изборот на Interspace за наш Интернет провајдер беше вредна одлука за нашата компанија.

    Jovica Zivkovic, технички директор
    New Moment

    New Moment е глобално признаена ТВ/Видео продукциска куќа со повеќе од 103 интернационални награди.


    Interspace ни испорачува симетричен Интернет пристап со брзина од 100/100 Mbps. Квалитетот на оваа услуга е на исклучително високо ниво. Ние сме среќни што иновативни компании како Interspace овозможуваат Интернет од висока класа, бидејќи стабилна и брза конекција има силно влијание врз продуктивноста на секојдневните процеси во нашата ИТ дејност.

    Владимир Стоименов, управител
    ВОРТЕКС ЕД

    ВОРТЕКС ЕД е компанија која изработува софтвер и хардвер за врвни интернационални брендови.


    Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје го избра Interspace за провајдер на симетричен Интернет пристап на 7 локации во Скопје, како и за хостирање на повеќе од 300 деловни емаил адреси и cloud сметки. Interspace ја обезбедува конекцијата преку фибер оптички линии со архитектура точка-до-точка при што квалитетот на услугата е извонреден. Високите перформанси на услугата ни овозможува стабилно и непрекинато функционирање на нашиот модерен дигитален систем за управување со процесите во јавниот превоз.

    Ненад Кузмановски, директор на ИТ
    ЈСП Скопје

    ЈСП Скопје е најголемата компанија за јавен превоз во Македонија, основана во 1948 год.


    Македонија2025 е презадоволна од долгорочното партнерство кое го остваривме со Interspace. Тимот на Interspace е високо професионален, многу брзо реагира на нашите потреби и е целосно посветен да ни го понуди најдоброто решение во најкраток можен рок. Ние сме глобална невладина организација која одржува секојдневна комуникација со членовите и поддржувачите од целиот свет. Имајќи во предвид дека најголем дел од нашите активности се одвиваат онлине, од исклучителна важност ни е високо квалитетна и стабилна комуникација со сите земји – нешто што Interspace како компанија е целосно споснобна да ни го овозможи. Најдоброто од се е тоа што вредноста што ја добиваме за цената е неспоредлива со ниту една понуда на пазарот.

    Билјана Марковиќ, извршен директор
    Македонија2025

    Македонија2025 е водечка глобална организација за промоција на економскиот развој на Македонија.