Метро мрежа
Приватна мрежа на големи дистанци само за дел од пазарните цени

 

Услугата на метро линија или мрежа овозможува да поврзете повеќе оддалечени локации во Македонија преку супербрзи фибер оптички врски. На секоја крајна локација линијата завршува на етернет порта, овозможувајќи Ви на едноставен начин да ги обедините оддалечените локални (LAN) мрежи на Вашите подружници во единствена Етернет мрежа со загарантиран проток.

Примарниот ефект е значително намалување на трошоците преку споделување на Интернет, телефонија, серверски системи и други ИТ ресурси, од една централна локација на повеќе други локации.

Предности во однос на користење приватни врски преку Интернет

Гарантирана брзина на проток помеѓу далечни локации - многу значајно за апликации кои работат во реално време.
Зголемена приватност на комуникацијата бидејќи пакетите не патуваат низ Интернетот, а во рамките на мрежата на Интерспејс се изолирани во Ваша засебна Етернет мрежа.
Лесно за одржување и миграција бидејќи не се инволвирани јавни ИП адреси врзани за одреден провајдер.
Етернет како основен протокол, овозможувајќи да проследите Ваши мрежни технологии врз него, како VPN и QoS полиси.

Зошто да не изберете нас?

Оперираме со голема оптичка мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет.
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер.
Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.
Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура.
Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток.
ПРОМОЦИЈА

Во зависност од локациите, можеме да обезбедиме бесплатно активирање на услугата за тест период од 1 недела, без никакви трошоци и обврзувања, со цел да ги докажеме нашите предности за врвен квалитет и поволни цени. Кликнете овде за да едноставно ја проверите оваа можност.

Обезбедени сте!

Кликнете овде за бесплатно да добиете повеќе детали за оваа технологија и нејзините предности во однос на значително намалување на трошоците за мрежи на големи дистанци. Нашиот продажен тим е на ваше целосно располагање за дефинирање решенија и сугестии за да направите најдобра одлука.


КЛИЕНТИ @КОМУНИКАЦИИ

Македонски водечки компании, јавни институции, реномирани странски и мултинационални компании ја даваат нивната доверба во нашите способности за обезбедување Интернет услуга од врвна класа.
  • Народна банка на Р. Македонија

    Две Интернет конекции со високи перформанси.

  • Џонсон Мети

    Интернет од висока класа за британска мултинационална компанија.

  • Мин. за надворешни работи

    Три Интернет конекции со високи перформанси и хостинг на 60 бази.

  • Јавно прет. за државни патишта

    Интернет од висока класа и ВЕБ видео стриминг од 30 локации во Македонија.

  • Телеком Словенија

    Обезбедуваме конекции во Македонија на провајдерско ниво за водечкиот провајдер на Балканот.

  • Македонија2025

    Официјален провајдер на Македонија2025 самит - настан со 300 бизнис лидери, дипломати и меѓунадордни експерти.

  •   Цела референтна листа