Услуги за провајдери
Бескпрекорни големопродажни услуги за други провајдери

 

Проширете ја достапноста до корисници преку нашата мрежа со докажан квалитет, која се простира на повеќето клучни области во Македонија, вклучувајќи ги сите главни деловни зданија. Без разлика каде делувате, може да пристапите на нашата мрежа со терабитен капацитет за пренос и комутација.

Избор на услуги за оператори

L2 (E-Access EPL/EVPL, EP-LAN/EVP-LAN)
L2VPN
L3VPN (MPLS)
Интернет (IP) тразит
Менаџирана неосветлена оптика
Дата центар колокација
Хостинг на дедициран сервер Провери цена

Наши предности

Оперираме со голема метро мрежа во Македонија која базира на високо редундантна архитектура зајакната со опрема од последна генерација со терабитен капацитет и екстремно ниска латенција при свичинг/рутирање.
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо користење технологија за делба на оптички влакна. Секоја линија се верифицира со RFC2544 Етернет тестер.
Сектор за техника со сертифицирани лица со долгогодишно искуство кои осигуруваат достапност 24/7/365. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.
Постојан проактивен мониторинг со непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. 24/7 тимови за одржување кои прават редовни теренски инспекции на целата оптичка инфраструктура.
Имаме сопствени тимови и опрема за извршување на изградба, функционирање и одржување на пасивниот и активниот дел од мрежата, што ни овозможува да делуваме брзо во насока на осигурување на достапноста и гарантираното ниво на услуга.
Продаваме врски со голем капацитет и други операторски услуги на скоро сите провајдери од Македонија.
Во можност сме да обезбедиме многу поволни цени, бидејќи оперираме со голем вкупен проток.

ПРОМОЦИЈА

Можеме да обезбедиме бесплатно активирање на услугата за тест период од 1 недела, без никакви трошоци и обврзувања, со цел да ги докажеме нашите предности за врвен квалитет и поволни цени. Кликнете овде за да едноставно ја проверите оваа можност.

Обезбедени сте!

Кликнете овде за бесплатно да добиете повеќе детали во однос на услугите за други провајдери. Нашиот продажен тим е на ваше целосно располагање за дефинирање решенија и сугестии за да направите најдобра одлука.


КЛИЕНТИ @КОМУНИКАЦИИ

Македонски водечки компании, јавни институции, реномирани странски и мултинационални компании ја даваат нивната доверба во нашите способности за обезбедување Интернет услуга од врвна класа.
  • Народна банка на Р. Македонија

    Две Интернет конекции со високи перформанси.

  • Џонсон Мети

    Интернет од висока класа за британска мултинационална компанија.

  • Мин. за надворешни работи

    Три Интернет конекции со високи перформанси и хостинг на 60 бази.

  • Јавно прет. за државни патишта

    Интернет од висока класа и ВЕБ видео стриминг од 30 локации во Македонија.

  • Телеком Словенија

    Обезбедуваме конекции во Македонија на провајдерско ниво за водечкиот провајдер на Балканот.

  • Македонија2025

    Официјален провајдер на Македонија2025 самит - настан со 300 бизнис лидери, дипломати и меѓунадордни експерти.

  •   Цела референтна листа