Со неколку клика, создадете сопствен видео портал од врвно ниво за споделување видеа и пренесување ТВ програма во живо до публика насекаде во светот. Досега екслузивно за водечки странски ТВ куќи и гиганти од типот на Youtube, сега на ваш дофат за мал дел од цените на светскиот пазар.
Платформата нуди едноставен корисничи интерфејс за поставување и менаџирање на видеа, кои веднаш се достапни на брендиран веб портал под ваш сопствен домен. На порталот веќе ќе имате интегрирани алатки за пребарување на видеа, приказ на најпопуларни и најнови видеа и сл. Преку опцијата за ембедување, можете видео содржините да ги интегрирате како веб сегмент во вашиот постоечки веб сајт.
Во позадина, платформата базира на наша глобална cloud инфраструктура од стриминг сервери и енкодери распостранети на сите континенти, контролирани од софтвер од наша изработка со високо оптимизиран c/c++ код, кој овозможуваат видеата да се прикажуваат во висок квалитет на многу гледачи истовремено.
Преку кориснички панел можете лесно да поставувате мултимедијални рекламни пораки кои се појавуваат на екранот во одредени временски интервали. На ваков начин, имате целосна контрола на заработката по основ на реклами, без притоа трети страни да ве ограничуваат со политки за распределба на профит и правила за дозволена содржина.
Инстантно направете видео портал под ваш бренд од рангот на големи светски ТВ куќи. | |
Стриминг на илјадници гледачи во исто време преку глобална инфраструктура која е под наш постојан мониторинг и надоградби. | |
Избегнете големи инвестиции за развој на софтвер и стриминг инфраструктурата, како и за безпрекорна интеграција и редовно одржување на сите елементи од системот. | |
Интегрирани алатки за пребарување на видеа, приказ на најпопуларни/најнови видеа и сл. | |
Заработете 100% од цената за прикажување на рекламни содржини кои може да се појавуваат на видеата. | |
Детекција на брзината на Интернет пристап на гледачот, со цел автоматски да се избере верзија на видео која може течно да се прикажува. | |
Технологија за стриминг која автоматски се адаптира и менува со цел видеото да може да се гледа на различни уреди и вендори (смарт телефони, таблети и десктоп системи). |
Супербрз проток до секој корисник. Сите конекции обезбедени преку беспрекорни точка-до-точка оптички линии.
Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.